ЗАВРШУВА ЗЛАТНИОТ ПЕРИОД ЗА ХРВАТСКИОТ ТУРИЗАМ, приватните апартмани и угостителите соочени со помалку гости поради високите цени

Овогодишната туристичка сезона во Хрватска се соочува со сериозни предизвици, а првите резултати покажуваат дека ситуацијата на Јадранското Море е далеку од идеална. Послабата посетеност од туристи оваа година и драстичниот скок на цените веќе се одразуваат во вкупните резултати, додека предсезоната во јуни не ги исполни очекувањата. Најголемиот проблем со кој се соочува Хрватска […]

МАВРОВСКО ЕЗЕРО ПОРИБЕНО СО 460 КИЛОГРАМИ КРАП

Рибниот фонд во Мавровско Езеро во пресрет на Светското првенство во спортски риболов на крап, порибено е со нова количина риби. Од јавната установа Национален парк Маврово, информираат дека вчера во соработка со EDS Energy Delivery Solutions, е реализирано порибување на најголемата водна површина во паркот со 460 килограми крап. – Оваа активност претставува значаен […]

ВРАБОТЕН ВО БЕЛАТА КУЌА КОЈ ИМАЛ ПРИСТАП ДО ГОВОРИТЕ НА ТРАМП СЕ ОБЛОЖУВАЛ И ЗАРАБОТИЛ 100.000 ДОЛАРИ

Долгогодишниот оператор на телепромптер на претседателот на САД, Доналд Трамп, е под истрага од страна на Комисијата за тргување со стокови фјучерси поради сомнение дека користел инсајдерски информации за да заработи над 100.000 долари на предвидувања од познатата платформа за обложување. Изворите велат дека Г.П. го користел пристапот до претседателските говори пред тие да бидат […]

РЕВЕРЗИБИЛНАТА ХИДРОЕЛЕКТРАНА ЃЕРДАП 3 ЌЕ БИДЕ ЕНЕРГЕТСКО ЧУДО „СКРИЕНО“ ПОД ЗЕМЈА, СРБИЈА И РОМАНИЈА ИЗРАЗИЈА ПОДГОТВЕНОСТ ЗА ИЗГРАДБА НА ТРЕТАТА БРАНА НА ДУНАВ

Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, денес во Букурешт потпиша Меморандум за разбирање со премиерот на Романија, Илие Боложан, за олеснување на размената на информации во врска со проектот за реверзибилна хидроелектрана (RHE) Ѓердап 3. Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ изјави дека RHE Ѓердап 3 ќе донесе повеќекратни придобивки за Србија, можности за […]

ПОЧИНАЛЕ 12.000 ЛИЦА ВО ЕВРОПА ВО ДЕНОВИТЕ НА ТОПЛОТЕН БРАН, најкритични периодот меѓу 22 и 28 јуни

Најмалку 12.000 дополнителни смртни случаи се регистрирани во девет европски земји за време на силниот топлотен бран што го погоди континентот кон крајот на јуни, според прелиминарните податоци од националните статистички служби и анализата на агенцијата АФП. Најтешко погодени беа Белгија, Франција, Германија, Луксембург, Холандија, Шпанија и Швајцарија, додека проценките од Британската метеоролошка служба покажаа […]

Македонија почнува со изградба на Национален дата центар

Изработена е физибилити студија, се обезбедува локација и финансиски модел за проектот. Владата почнува со реализација на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за дигиталната иднина на Македонија – изградба на Национален дата центар – најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. – Донесовме одлука заради визијата и решеноста на премиерот и во моментов работиме […]

ФРАНЦИЈА И ХОЛАНДИЈА РАЗРЕШИЈА ГРАНИЧЕН СПОР СТАР 400 ГОДИНИ, договорот за демаркација се однесува за карипскиот остров

Француското национално собрание во четвртокот донесе закон со кој се потврдува договорот за официјална демаркација помеѓу францускиот Saint-Martin и холандскиот Sint Maarten, правејќи клучен чекор кон правно дефинирање на границата што постои од 1648 година. Пратениците ја одобрија ратификацијата на договорот за демаркација од 2023 година помеѓу Франција и Кралството Холандија на карипскиот остров Сен […]

РАФИНЕРИИТЕ СЕ ТЕСНО ГРЛО ВО ГЛОБАЛНОТО СНАБДУВАЊЕ СО ГОРИВА, ПОСЕБНО НА ДИЗЕЛОТ, цените се под притисок затоа што не може се преработува  суровата нафта

Светските рафинерии моментално преработуваат околу 8,4 милиони барели нафта дневно помалку отколку пред почетокот на војната во Иран.  Ова значи дека глобално се произведува приближно 10 проценти помалку гориво. „Прашањето повеќе не е дали барели сурова нафта ќе се вратат на пазарот, туку колку брзо глобалниот систем за рафинирање може да ги преработи“, изјави директорката […]

Секоја петта компанија во ЕУ користела вештачка интелигенција

Секоја петта компанија во Европската Унија со најмалку десет вработени користела барем една технологија за вештачка интелигенција во 2025 година, покажуваат податоците на Евростат. Според публикацијата „Клучни податоци за европскиот бизнис, издание 2026“, употребата на технологии за вештачка интелигенција ја пријавиле 20 проценти од компаниите во ЕУ. Сепак, разликите се изразени во зависност од големината […]

КУМАНОВЦИ МОЖАТ ДА КОНКУРИРААТ ЗА ГРАНТ ОД 55.000 ДЕНАРИ, продолжен рокот за субвенции за приклучок на природен гас

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжи рокот за аплицирање за финансиска поддршка за снабдување на домаќинствата со природен гас до 31 октомври 2026 година, информираа од Општина Куманово. Со мерката, како што појаснуваат, се обезбедува финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци, за куќен приклучок на системот […]