ЗАВРШУВА ЗЛАТНИОТ ПЕРИОД ЗА ХРВАТСКИОТ ТУРИЗАМ, приватните апартмани и угостителите соочени со помалку гости поради високите цени

Овогодишната туристичка сезона во Хрватска се соочува со сериозни предизвици, а првите резултати покажуваат дека ситуацијата на Јадранското Море е далеку од идеална. Послабата посетеност од туристи оваа година и драстичниот скок на цените веќе се одразуваат во вкупните резултати, додека предсезоната во јуни не ги исполни очекувањата.

Најголемиот проблем со кој се соочува Хрватска е губењето на статусот на достапна дестинација. Гостите од Источна Европа, како што се Полјаците, Унгарците, Романците и Бугарите, сè повеќе избираат други брегови.

-Хрватска стана скапа. Таа повеќе не е евтина дестинација. Цените во продавниците се најмалку 30, ако не и 50 проценти поскапи отколку, да речеме, во соседна Италија, вели новинар од Хрватска.

Приватните сопственици претрпеа најтежок удар. Многу станови на брегот, и покрај големите инвестиции како што е изградбата на базен, остануваат празни во шпицот на сезоната. Причината лежи во фактот што приватното сместување повеќе не може да привлече гости само со квалитет, додека цените останаа на минатогодишното ниво.

Според соговорниците, хрватскиот туризам го достигна својот врв во однос на бројот на ноќевања и пристигнувања, и тешко е да се очекуваат нови рекорди во иднина. Примарната промена се одразува во профилот на гостите кои сега доаѓаат на Јадранското Море.

„Скапите хотели се снаоѓаат многу подобро од приватните апартмани… Доаѓаат оние кои имаат повеќе пари, кои можат да платат 300, 400, 500 евра за хотел од ноќ, а туристите кои престојуваат во апартман за 70 евра и ги трошат во шопинг во продавниците не доаѓаат“, објаснува загрепскиот новинар.

Додека Истра продолжува да се држи добро благодарение на врвните хотели во Ровињ, Пула и Пореч, како и лојалните гости од Австрија, Словенија, Германија и Србија, ситуацијата во Далмација и на островите е значително полоша. Дури и на југот од земјата, самиот Дубровник се справува добро, но околните градови бележат сериозни минуси.

Турција, Грција, Албанија, па дури и Египет и Италија нуделе многу подобар сооднос цена-квалитет.

Многу гости од Полска и Чешка се откажале од Хрватска и отишле во Албанија, Турција, дури и Египет, на дестинации каде што им е попогодно, каде што се нуди подобар квалитет за она што треба да го платите. Хрватска најмногу потфрлила во ова.

Туристите со поскромен буџет, кои порано доаѓале десет дена, сега го скратуваат својот престој на пет дена за да заштедат пари, додека многумина целосно го заобиколуваат хрватскиот брег, каде што, пивото во продавница чини двојно повеќе отколку во Германија, пренесува Еуроњуз Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано