Долгогодишниот оператор на телепромптер на претседателот на САД, Доналд Трамп, е под истрага од страна на Комисијата за тргување со стокови фјучерси поради сомнение дека користел инсајдерски информации за да заработи над 100.000 долари на предвидувања од познатата платформа за обложување.
Изворите велат дека Г.П. го користел пристапот до претседателските говори пред тие да бидат одржани јавно за да се обложува дали Трамп ќе каже одредени зборови или теми. Меѓу контроверзните говори се обраќањето за состојбата на нацијата во февруари, презентацијата во Давос во јануари, како и декемвриското обраќање до нацијата.
Оператор на телепромптер е лицето задолжено за ракување со уредот што го прикажува текстот на говорникот додека гледа директно во публиката или камерата.
Специјализираната платформа самата забележала и пријавила сомнителни активности на својот пазар до регулаторното тело. За време на сослушувањето, вработениот признал за некои од трансакциите и моментално преговара за спогодба што вклучува враќање на профитот и забрана за понатамошно обложување. Федералното обвинителство на Менхетен одби да покрене кривична постапка, објавија медиумите во САД.
Извори велат дека вработениот во Белата куќа честопати се повлекувал од облозите на средина од говорот кога Трамп одлучувал да отстапи од подготвениот текст и да ги прескокне деловите на кои операторот претходно се обложувал.
Белата куќа соопшти дека соработува со истражителите, а во март ги предупреди вработените интерно да не користат информации што не се јавни за цели на обложување, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис








