АМЕРИКАНЦИТЕ ИЗЛЕГУВААТ НА ГЛАСАЊЕ, ПОЛИТИКАТА НА ТРАМП НА ИЗБОРЕН ИСПИТ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ, три отсто непоределени гласачи одлучуваат кој ќе биде победникот

Во Соединетите Американски Држави (САД), денес започна гласањето на меѓуизборите, каде што милиони граѓани индиректно ја оценуваат политиката на претседателот Доналд Трамп. Последните гласачки места се отвораат во Алјаска и Хаваи.

Сепак, милиони Американци веќе гласаа, вклучувајќи го и самиот претседател. Овие избори ќе ја постават политичката рамка за преостанатите две години од мандатот на Трамп, со контрола на еден дом на Конгресот. Американците ги избираат сите 435 места во Претставничкиот дом и 35 од вкупно 100 места во Сенатот.

Гласачите одлучуваат дали Трамп ќе продолжи да ја има поддршката од Конгресот контролиран од републиканците или ќе се соочи со посилно противење и контрола од демократите.

За време на кампањата, Трамп се обиде да ја зголеми поддршката за републиканските кандидати, повикувајќи ги гласачите да замислат дека и тој е на гласачкото ливче. Но, со оглед на тоа што анкетите покажуваат рекордно ниска поддршка за неговата работа, демократите се надеваат дека таа стратегија би можела да се покаже како контрапродуктивна.

Доколку демократите ја преземат контролата врз еден или двата дома на Конгресот, тие би можеле да ја блокираат законодавната агенда на Трамп и да започнат истраги за неговата администрација, вклучително и сослушувања на службеници под заклетва.

Анкетите покажуваат дека демократите ја водат битката за контрола врз Претставничкиот дом и Сенатот. Исходот на изборите  ќе зависи од денешната излезност. Околу 3% од гласачите останале неопределени, а нивниот глас би можел да влијае на исходот од многу неизвесните трки за Претставничкиот дом и Сенатот низ целата земја, пренесуваат медиумите во светот.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано