Економија

НАЈАВАТА ОД Г7 ЈА „СПУШТИ“ ЦЕНАТА НА НАФТАТА ПОД 90 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ, Трамп најави брз крај на војната во Иран

Цените на нафтата паднаа за десет проценти на попладневното тргување, на под 90 долари за барел, откако скокнаа за 20 проценти на отворањето.

Главната причина за ова е што министрите за финансии од седумте најразвиени земји објавија дека Г7 е подготвена да ослободи нафта од стратешките резерви доколку е потребно, објави „Трејдинг економикс“.

Така, нафтата од типот Брент сега е на ниво од околу 89,5 долари за барел, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) се движи на околу 86 долари за барел.

Врз цените влијаеше и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој инсистираше дека војната со Иран ќе биде кратка, со што сугерираше дека нема да биде потребен одговор од Соединетите Американски Држави во форма на широк економски одговор, пренесуваат светските медиуми.

Претходно цената на нафтата се искачи на 120 долари за барел и достигна највисоко ниво од 2022 година, бидејќи големите производители од Блискиот Исток почнаа да го намалуваат производството по прекините во транспортот во Ормускиот теснец, пренесува РТВ.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано