Бизнис
СРБИЈА ГИ ШТИТИ РЕЗЕРВИТЕ НА ДИЗЕЛ, донесена забрана за извоз на сите нафтени деривати
09.03.2026
Владата на Србија донесе одлука за забрана на извоз на нафта и сите нафтени деривати за моторни погони
На денешната вонредна седница, Владата на Србија одлучи да го забрани извозот на нафта и сите нафтени деривати за моторни погони.
„Забраната се однесува на извозот на дизел, бензин и сурова нафта со сите видови транспорт до 19 март, по што ќе донесеме дополнителни одлуки. Суштината на оваа забрана е да се заштити домашниот пазар од недостиг и скокови на цените, како резултат на глобалните нарушувања на светскиот пазар“, изјави министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, според соопштението на Министерството.
Таа, исто така, потсетува дека Србија е земја каде што граѓаните плаќаат нафтени деривати поевтино во споредба со нивната реална цена на берзата и дека државата прави сè за да ги заштити граѓаните и економијата, пренесува РТВ.
Фото Економија и бизнис