Вести
М6 ја зајакнува мисијата за позитивна трансформација и поддршка на младите преку партнерство со Машинскиот факултет
05.03.2026г
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу М6 Едукативен центар и Машински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
М6 Едукативен центар и Машинскиот факултет, при УКИМ вчера, 04.03.2026 година, потпишаа Меморандум за соработка со кој се потврдува и зајакнува стратешкото партнерство насочено кон поврзување на високото образование, науката и бизнис заедницата.
Со овој Меморандум, двете институции ја потврдуваат заедничката заложба за развој и спроведување на современи образовни и истражувачки активности, размена на знаења и искуства, како и поддршка на иновации и применети истражувања со цел унапредување на технолошкиот развој и конкурентноста на пазарот на трудот.
Во рамки на партнерството, посебен фокус е ставен на заедничката организација на Националниот натпревар за средни училишта „Најдобар бизнис концепт за зелени иновации“, насочен кон поттикнување на иновативно размислување, развој на претприемачки вештини и креирање одржливи решенија кај младите.
Финалето на натпреварот „Најдобар бизнис концепт за зелени иновации“ ќе се одржи на 7 мај 2026 година во просториите на М6 Едукативен центар во Кавадарци, а пријавувањето е отворено за сите средни училишта во државава.
Претставниците на двете институции истакнаа дека овој Меморандум претставува значаен чекор кон создавање одржлива платформа за развој на кадри, трансфер на знаење и поттикнување на иновативни решенија, во интерес на студентите, компаниите и општеството во целина.
Во следниот период, М6 Едукативен центар и Машинскиот факултет – Скопје ќе работат заеднички на продлабочување на партнерството преку организација на едукативни настани, работилници и заеднички проекти насочени кон поддршка на студентите и професионалците во различни технички и иновативни области. Партнерството ќе се базира на меѓусебна поддршка, размена на знаења и ресурси, како и систематско споделување на добри практики за унапредување на технолошкиот развој и иновациите во високото образование и во индустријата.
Натпреварот неодамна од страна на Европската Тренинг Фондација беше препознаен како најдобра практика за 2025 година за развој на вештини кај младите и во конкуренција на 250 апликации од над 50 земја ја доби првата награда - ETF Green Skills Awards 2025.
Пријавувањето е на следниот линк:. https://forms.gle/MhQDpghhnZgnSM716