Бизнис
НАМАЛЕНИ ЦЕНИТЕ НА НОЌЕВАЊАТА ВО МАКЕДОНИЈА, во февруари алкохолот во угостителкските објекти поскапел за 9,2 отсто, а храната за 7,6 отсто во однос на истиот месец лани
05.03.2026
Угостителските услуги во февруари бележат зголемување од 3,2 проценти во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците објавени денеска од Државниот завод за статистика.
Зголемување се бележи и во периодот јануари - февруари во споредба со истиот период лани. Според статистичките податоци, во овој период угостителските услуги се зголемени за 3,3 проценти во однос на истиот период минатата година.
Во февруари алкохолот во угостителкските објекти поскапел за 9,2 отсто, а храната за 7,6 отсто во однос на истиот месец лани.
Цените во угостителството, по групи, во февруари 2026 година во однос на јануари 2026 година се зголемени кај групата Храна за 0.3 % и групата Алкохолни пијалаци за 0.2 %, додека кај групите Безалкохолни пајалаци и Ноќевања не се забележани промени.
Цените на ноќевањата во домашните капацитети во февруари годинава се намалени за 13,7 отсто во однос на истиот месец во 2025 година.
Фото Економија и бизнис