Вести
Македонското МНР почна јавна набавка за чартер летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток
04.03.2026
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека е почнала постапка за јавна набавка за организација на чартер летови за евакуација на македонските државјани кои се наоѓаат во погодените области на Блискиот Исток. За оваа намена предвидени се 60 милиони денари обезбедени од буџетот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
- Имајќи ја предвид итноста и фактот дека безбедносната состојба тековно се менува, постапката ќе се спроведе согласно Законот за јавни набавки, со примена на скратени рокови предвидени за вакви ситуации. За реализација на оваа услуга се предвидени средства во износ до 60 милиони денари, обезбедени во Буџетот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во зависност од конечниот број на пријавени македонски државјани и бројот на чартер-летови што ќе се реализираат, можно е да биде искористен само дел од предвидениот износ, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Вкупно 632 македонски државјани побарале инфопрмации за евакуација од ризичните региони на Блискиот Исток. Дел од нив ќе се враќаат во земјава со чартер летови, а дел со владиниот авион.
Извор МИА
Фото Економија и бизнис