Економија

ЕЦБ: Инфлаторните очекувања на граѓаните на еврозоната за наредната година паднаа на 2,6 проценти

Граѓаните на еврозоната очекуваат дека просечната инфлација во наредните 12 месеци ќе изнесува 2,6 отсто, што е пониско во однос на декемвриските 2,8 отсто и претставува најмала бројка во последните шест месеци, е заклучокот од истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) за јануари објавено денеска.

Анкетираните притоа очекуваат дека нивните номинални приходи во истиот период ќе пораснат за само 1,2 отсто, што е зголемување во однос на декемвриските 1,1 отсто, но и понатаму недоволно за да се покрие прогнозираното темпо на раст на инфлацијата.

Инфлаторните очекувања за наредните три години се стабилни на 2,6 отсто, додека очекувањата за просечната инфлација за петгодишниот период паднаа од 2,4 отсто на 2,3 отсто.

Потрошувачите во наредните 12 месеци очекуваат економски пад од 1,1 отсто, како и стапка на невработеност од 11 отсто.

Истражувањето е спроведено онлајн на примерок од околу 19.000 возрасни потрошувачи од 11 земји на еврозоната – Белгија, Германија, Шпанија, Франција, Италија, Холандија, Ирска, Грција, Австрија, Португалија и Финска, се наведува на сајтот на Европската централна банка.

Резултатите од истражувањето на банката за февруари ќе бидат претставени на 27 март.

извор: МИА

Фото: ЕЦБ

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано