Економија

ЕБОР и донаторите овозможија поддршка за обука на работниците и заедницата во регионите каде се ископува јаглен

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обележа успешно завршување на два проекта за развој на работната сила, поддржувајќи ја Северна Македонија во праведната транзиција на енергијата, со завршен настан и церемонија на доделување на сертификати, која се одржа во Битола.

Проектите беа имплементирани во соработка со Владата на Северна Македонија, државната компанија АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), и Инвестициската платформа за праведна транзиција на Северна Македонија. Нивната цел е да ги поддржат работниците и заедниците кои се погодени од транзицијата на искористување на јагленот кон зелена енергија, преку зајакнување на нивните вештини, подобрување на способностите за квалификување за работа и градење на отпорност во енергетскиот сектор.

Во двата проекта, повеќе од 600 вработени на ЕСМ имаа бенефит од структурираните програми за обука, кои опфатија технички, менаџерски и меки вештини, вклучувајќи продуктивност, менаџирање на енергијата, лидерство, комуникации и инсталација на соларни панели. Иницијативите беа поддржани од Јапонскиот фонд за соработка и Блумберг филантропите, преку ЕБОР.

Претставникот на ЕБОР за Северна Македонија, Фатих Туркменоглу се обрати на настанот, и го истакна значењето на инвестирање во луѓето, како основа за успешна енергетска транзиција, и поддршка на земјата, во справување со проблемот на иселување на населението, преку креирање на работни места. Тој истакна дека регионите како Битола и Осломеј играа централна улога во обезбедување на национална енергетска сигурност со децении, и дека работниците и заедниците мора да бидат поддржани, согласно еволуирање на енергетскиот систем.

,,Технологиите може да се сменат, но успехот на било која транзиција зависи од луѓето,” додаде Туркменоглу, честитајќи им на учесниците кои добија сертификати за завршување на програмите за обука.

Паралелно со развојот на вештините, ЕБОР инвестира во иднина на обновлива енергија на Северна Македонија, вклучувајќи развој на големи фотоволтаични постројки на поранешните окна на рудниците во Осломеј и Битола.

ЕБОР го најави promoviraweto на Транзициската платформа за жени во транзиција од јаглен за Северна Македонија, во вредност од 150,000 американски долари, која ќе ги поддржува жените кои работат во енергетскиот сектор, а се погодени од транзицијата.

Северна Македонија е земја акционер во ЕБОР и комплетно се има посветено на целосната транзиција од јаглен, до 2030 година, под програмата Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP - Just Energy Transition Investment Platform), усогласувајќи ја националната енергија и планирање на климата со долгорочни климатски цели. ЕБОР останува посветена на поддршката на земјата во градење на конкурентен, одржлив и инклузивен енергетски систем, кој не ги изоставува работниците и заедниците.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано