Бизнис

„Револуција во образованието: Моќта на дуалното образование во Македонија“ - настан Стопанската комора

Стопанската комора денеска го организира настанот „Револуција во образованието: моќта на дуалното образование во Македонија“ - Прв заокружен проект од трите големи приоритети на Комората, за презентирање на резултатите и активностите што ги преземаше бизнис заедницата во процесот на имплементацијата на дуалното образование и инспирација за идните чекори во подигање на квалитетот.

Воведни обраќања на настанот ќе имаат министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателот на Комората. Бранко Азески.

-Стопанската комора е активно вклучена во процесите на образованието за создавање кадар по мерка на бизнисот и главен иницијатор за имплементација на дуалното образование како најефикасен модел за обезбедување стручен и квалификуван кадар, во кој денеска се вклучени околу 1000 компании и 65 стручни училишта - информираат од Стопанската комора.

Претставниците на компаниите, во останатиот дел од времето, ќе имаат можност активно да учествуваат со поставување прашања и споделување искуства од досегашните процеси на вклучување во моделот на дуално образоавние.


Извор/фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО