Економија

ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПОТЕШКО СЕ НАОЃА РАБОТА, вредноста на фунтата се намали по објавување на податоците за вработеноста

Вредноста на фунатата и приносите на британските државни обврзници се намалија  откако податоците покажаа дека стапката на невработеност во Велика Британија достигна највисоко ниво во последните пет години, додека растот на платите се забави. Денеска фунтата ослабна за 0,2 проценти во однос на доларо. За ист процент се намали и во однос на еврото.

Бројот на вработени се намали за 0,4 проценти на годишна основа, на 30,3 милиони во јануари 2026 година, што е за 134 илјади помалку отколку во јануари минатата година. Стапката на невработеност се зголеми на 5,2 проценти во декември, од 5,1 процент еден месец претходно, објавија од Канцеларијата за национална статистика.

Ова значи дека во Велика Британија наоѓањето работа сега е уште потешко отколку порано. Сè повеќе невработени активно бараат вработување, додека бројот на невработени по слободно работно место достигна ново највисоко ниво од постпандемискиот период. Сепак, бројот на отворени работни места во последните неколку месеци не се промени значително, додека бројот на отказни се зголемува, објави Скај њуз.

Според истражувањето на Институтот за управување и развој на човечки ресурси (CIPD), повеќе од една третина од работодавачите наведуваат дека го намалуваат вработувањето поради новите работнички права.

Законот за работнички права, кој стапи на сила во декември, гарантира права како што се родителско отсуство и боледување од првиот ден на вработување, пренесува Бизнис.ба.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО