Економија
Шахбаз: Халкбанк со актива од 2,1 милијарди евра и добивка од 37,2 милиони евра во 2025
16.02.2026г
Новоназначениот главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје, Фатих Шахбаз, во интервју за печатеното издание на „Економија и бизнис“ истакна дека Банката во 2025 година остварила силен раст во сите сегменти.
Вкупната актива достигнала 2,1 милијарди евра, додека добивката пред оданочување изнесува 37,27 милиони евра. Кредитирањето на правни лица пораснало за 26,6 %, а кредитната база кај физичките лица достигнала 586 милиони евра, со раст од 17 %.
„Овие показатели потврдуваат стабилност, доверба и одржлив бизнис-модел“, вели Шахбаз, додавајќи дека Банката поставила цврста основа за понатамошен раст и зацврстување на позицијата на пазарот.
Целото интервју прочитајте го на ЛИНКОТ