Бизнис
За "чистите" ИПАРД апликации што веќе се одобрени и се реализираат, најверојатно ќе излезе во пресрет државата и ќе ги поддржи, изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски
16.02.2026
Платежната агенција продолжи тековно да функционира. Не можам да кажам кога ќе има нови ИПАРД повици, но знам дека веќе се работи на подготовка на документација за акредитирање нови мерки, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
На брифинг со новинарите, Трипуновски информира дека идниот месец ќе замине на средба во Брисел која е веќе најавена.
- Во однос на воочените забелешки од Брисел, не можам да кажам кога ќе се случи одблокирање и продолжување на целиот процес, но важно е дека се работи на документација за акредитирање нови мерки. За "чистите" ИПАРД апликации што веќе се одобрени и се реализираат, најверојатно ќе излезе во пресрет државата и ќе ги поддржи, а потоа тие средства ќе се компензираат со европските средства од ИПАРД, истакна министерот.
Во врска со актуелните поплави во земјава, во делот на земјоделството, Трипуновски информира дека по санирање на штетите, ќе се врши проценка. Сега, како што напомена, МЗШВ е фокусирано на процесот на санација, заедно со АД Водостопанство, објави МИА.
Фото Економија и бизнис