Економија

Цените на кои акции најмногу се зголемија и намалија на Македонската берза минатата недела?

Неделен извештај за периодот 02.02.2026 до 06.02.2026г.

Минатата недела, во периодот од 02.02.2026 до 06.02.2026. на Македонската берза на хартии од вредност на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен вкупен промет од 137,8 милиони денари или околу 2,24 милиони евра. Најтргувани беа акциите на Комерцијална банка со 41,4 милиони евра (674 илјади евра). Втори најтргувани акции беа акциите на Макпетрол со 27,5 милиони денари или околу 447,8 илјади евра. Потоа следуваа акциите на Алкалоид со 22,8 милиони денари или околу 371,7 илјади евра. Во топ 5 акции според прометот изминатата недела беа уште и акции на НЛБ Банка АД Скопје со 12,8 милиони денари или околу 208,9 илјади евра и акциите на Стопанска банка Скопје со промет од 8,2 милиони денари или 133,5 илјади евра.

Според количината на истргувани акции, најтргувани акции минатата недела на официјалниот пазар беа акциите на Македонски Телеком Скопје со 7 993 акции, Гранит Скопје со 5 135 и Стопанска банка Скопје со вкупно 3 103 истргувани акции.

Прометот на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен со 515 трансакции со кои се истргуваа вкупно 70 077 акции и обврзници.

 

Најголеми добитници изминатата недела се имателите на акции на НЛБ Банка АД Скопје, Македонски Телеком Скопје и Макпетрол Скопје. Цената на нивните акции се зголеми за 2,68 %, 2,17 % и 0,89 %, соодветно.

Најголемо намалување на вредноста минатата недела имале акциите на Макстил Скопје од 2,4 %, Реплек Скопје од 1,23% и Стопанска банка Скопје од 0,19 %.

Истовремено беа реализирани и 2 блок трансакции со акциите на Макпетрол Скопје и Витаминка Прилеп. Во првата се истргуваа 23 акции на Макпетрол по цена од 110 000 денари, а во втората 546 акции на Витаминка по цена од 12 300 денари.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано