Економија

РОМАНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ НАЈМНОГУ СОПСТВЕНИ ДОМОВИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ

Во Европа има големи разлики во начинот на живот во однос на големината, видот и квалитетот на домувањето и дали граѓаните поседуваат или изнајмуваат недвижност за живеење. Според најновата анализа на Евростат,  во 2024 година 68% од населението живее во сопствен дом, додека преостанатите 32% живееле во изнајмен дом.

Највисоки удели на сопственост на недвижност за живеење се забележани во Романија (94% од населението живеело во домаќинство што го поседувало својот дом), Словачка (93%), Унгарија (92%) и Хрватска (91%). Сопственоста преовладува во сите земји од ЕУ освен во Германија. Во Германија, изнајмувањето било почесто, каде што 53% од населението биле закупци.

Следуваат Австрија (46%) и Данска (39%). Во ЕУ во 2024 година, 51% од населението живеело во куќа, додека 48% живееле во стан (околу еден отсто живееле во други форми на сместување како што се приколки). Во Ирска  90% од населението  живее во куќа, по што следуваат Холандија и Белгија (по 77%), како и Хрватска (76%).

Највисок учество на сопствени станови е регистриран во Шпанија (65%) и Малта (63%). Во градовите, 73% од населението на ЕУ живееше во стан, а 27% во куќа. Големината на животниот простор може да се мери како просечен број соби по лице: во ЕУ во 2024 година, имало просечно 1,7 соби по лице.

Во  Малта просекот е 2,2 соби по лице, по што следат Белгија, Луксембург и Холандија (2,1 соба). На другиот крај од скалата се Словачка и Романија (и двете по 1,1 соба), Полска и Латвија (и двете по 1,2 соби во просек по лице).

Еден важен индикатор е бројот на луѓе по домаќинство. Во ЕУ во 2024 година, во просек имало 2,3 лица по домаќинство. Меѓу земјите од ЕУ, овој број се движел од 3,1 лица во Словачка, 2,9 во Полска, 2,7 во Хрватска и Ирска до 2,0  лица во Германија, Данска и Шведска и 1,9 лице во Финска и Литванија, пренесува Пословни дневник.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО