Бизнис

САД ГИ ВРАТИ 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД ПРОДАЖБАТА НА НАФТА ОД ВЕНЕЦУЕЛА

Администрацијата на САД им ги врати на венецуелската влада сите 500 милиони долари од првичната продажба на нафта што беше дел од договорот постигнат меѓу Каракас и Вашингтон минатиот месец, изјави американски функционер.

Последните 200 милиони долари од продажбата се испратени во Венецуела, изјави функционерот, кој побара анонимност. Договорот дојде откако венецуелскиот претседател Николас Мадуро беше заробен во американска воена операција на 3 јануари.

„Венецуела официјално ги прими сите 500 милиони долари од првичната продажба на венецуелска нафта“, изјавил функционерот.

Истиот извор додаде дека парите „се исплаќаат на венецуелскиот народ, во согласност со одлуката на американската влада“.  Минатата недела, државниот секретар Марко Рубио рече дека учеството на САД во продажбата на венецуелска нафта е краткорочен напор насочен кон стабилизирање на земјата, одржување на владата на површина и помагање на народот.

„Значи, во суштина, ѝ дозволивме на Венецуела да ја користи сопствената нафта за да генерира приходи за да ги плати наставниците, пожарникарите и полицајците и да ја одржи функцијата на владата, за да немаме системски колапс“, рече тој.

Средствата се чуваат во Катар и се наменети како „привремена, краткорочна сметка за да се обезбеди дека Венецуела ќе ги добие средствата што ѝ се потребни за да работи“, рече американскиот функционер.

Службеникот додаде дека долгорочната цел на секоја идна продажба е да се префрлат приходите „во фонд лоциран во Соединетите Држави и да се одобрат расходи за каква било обврска или трошок на Владата на Венецуела или нејзините агенции и субјекти, како што е наведено во договорените процедури“, пренесуваат медиумите.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано