Економија

Рекордни приходи од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во 2025 година

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека наплатата на концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини во 2025 година достигна историски највисоко ниво.

Наплатата за 2025 година, со вкупни 1.223.455.203,00 денари, претставува историски напредок и силна основа за понатамошно подобрување на системот на концесии во Република Северна Македонија.

Во продолжение се прикажани официјалните споредбени податоци за наплатата за 2024 и 2025 година.

1. Споредбена табела – Вкупна наплата (2024–2025)

Година

Склучени договори за концесии

Вкупна наплата (денари)

% промена

2024

342

561.544.717,00

2025

289

1.223.455.203,00

218%

 

2. Споредбена табела – Наплата по квартали (2024–2025)

Квартал

2024 (денари)

2025 (денари)

% зголемување

1 квартал

124.134.205,00

274.353.054,00

221%

2 квартал

135.752.006,00

290.291.395,00

214%

3 квартал

143.811.912,00

397.594.664,00

276%

4 квартал

157.846.594,00

260.107.167,00

164%

Вкупно

561.544.717,00

1.223.455.203,00

218%

 

3. Клучни причини за зголемувањето

Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи:

  • Засилени инспекциски контроли и теренски проверки.
  • Испраќање писмени опомени и прекршочни постапки за доцнење со обврските.
  • Едностран раскин на 46 договори со концесионери кои не ги исполнувале законските обврски (неплаќање, еколошки прекршоци, неовластено проширување на полиња, пренос на концесија спротивно на законот).
  • Ступување во сила на новиот Тарифник од 1 јануари 2025, кој го зголеми износот на концесиски надоместок до 100%.
  • Подобра координација меѓу Министерството и општините.

4. Ефекти врз државата и општините

Зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет.

Зголемената наплата овозможува:

  • Значително зголемени буџети на општините во кои работат концесионерите.
  • Инвестиции во комунална инфраструктура.
  • Поддршка на енергетската транзиција и проекти за обновливи извори.
  • Поголеми средства за заштита на животната средина.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси. Овие резултати се доказ за нашата определба да ги зајакнеме економските придобивки од експлоатацијата на минералните суровини, истовремено обезбедувајќи одржлив развој и поддршка за локалните заедници.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано