Бизнис

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ГИ СЕЛАТ ФАБРИКИТЕ ВО УНГАРИЈА И СРБИЈА

Унгарија и Србија се земјите во кои германските компании ги селат своите производни капацитети. Берлинскиот весник „Берлинер Цајтунг“ посвети обемна анализа на феноменот на префрлање на германските производствени капацитети во земји со поевтина работна сила - во Европа, особено во Унгарија и Србија, а тоа се производни капацитети од автомобилската и машинската индустрија.

Србија ги привлекува инвеститорите со тоа што има договори за слободна трговија и со ЕУ и со Евроазиската економска унија, Турција, Велика Британија и, од октомври 2023 година, со Кина. Стоките произведени во Србија можат да се извезуваат без царина на пазари со вкупно околу 2,7 милијарди потрошувачи. Во 15 слободни економски зони, компаниите дополнително уживаат ослободување од царински давачки за увезени материјали и машини, како и даночни олеснувања“.

Во својата анализа, авторот доаѓа до заклучок дека, на пример, унгарската работна сила е три пати поевтина од германската работна сила (1.500 евра бруто наспроти 4.600 евра бруто во Германија), а стапката на данок на добивка е најниска во Европа односно девет проценти. Оптоварувањата во Германија изнесуваат околу 30 проценти. Енергијата е исто така поевтина во Унгарија. Покрај тоа, владата привлекува странски инвеститори со низа мерки: субвенции, даночни олеснувања, прифатливо градежно земјиште и брзи дозволи.

„Марко Граф, генерален директор на Трговската комора Оснабрик, ги критикува германските услови. Бирократијата ги стигнува најдоцна во фазата на имплементација. Во Унгарија и Србија, пак, инвеститорите се пречекуваат со отворени раце, процедурите се забрзуваат, а проблемите се решаваат прагматично.“

Во текстот се забележува дека од селењето на германските компании не се погодени само регионите од источниот дел на Германија туку и развиената германска покраина Баден-Виртемберг, пренесува НИН. 


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано