Економија

Индустриското производство лани со годишен раст од 1,9 процент

Индустриското производство во декември 2025 година е зголемено за 2,3 процента во однос на декември 2024 година, а во 2025 во однос на 2024 година за 1,9 процент, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, има зголемувањето на производството во одделите: Производство на прехранбени производи со 3,5 проценти, Производство на пијалаци со 34,2  проценти и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 3,5 проценти.

Во секторот Рударство и вадење камен во декември  2025 година, во однос на декември 2024 година, индустриското производство бележи опаѓање од 6,6 проценти, во Преработувачка индустрија пораст од 4,5 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3,9  проценти.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен Енергија за 9,8 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 процента, а опаѓање бележи кај Енергија за 3,9 проценти, Капитални производи за 0,8 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 3,8 проценти.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано