Финансии / Банкарство

ТТК БАНКА лани забележа позитивен финансиски резултат во износ од 90 милиони денари

Во периодот од 1 јануари до 31 декември 2025 година, ТТК Банка АД Скопје ја реализираше својата стратегија, работејќи во согласност со клучните цели и задачи утврдени во Деловната политика и во Финансискиот план за 2025 година. Во текот на 2025 година, ТТК Банка АД Скопје успешно ги усогласи своите стратешки цели со променливите макроекономски услови, што доведе до солидна профитабилност и обезбеди стабилна и континуирана вредност за сите засегнати страни – клиентите, вработените и акционерите. Заклучно со 31 декември 2025 година, Банката забележа позитивен финансиски резултат во износ од 90 милиони денари. Остварени се оперативни приходи во износ од 583,5 милиони денари и оперативни трошоци во износ од 469,8 милиони денари. Дополнително, исправките на вредноста на финансиските средства на нетооснова изнесуваат 10,7 милиони денари, што ја потврдува финансиската стабилност на Банката и нејзината подготвеност да се справи со динамичните пазарни услови.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано