Бизнис

СТУДОТ ГИ ИСПРАЗНИ СКЛАДИШТАТА ЗА ГАС ВО ЕУ, цените на природниот гас во јануари пораснаа за повеќе од 40 проценти

Цените на природниот гас во Европа нагло пораснаа на почетокот на годината, достигнувајќи го највисокото ниво за околу шест месеци, бидејќи студен бран го зафати континентот, а метеоролозите предупредија дека температурите би можеле повторно да паднат кон крајот на јануари.

На референтната холандска берза TTF, еден мегават-час природен гас за испорака во февруари изнесуваше 36,63 евра, што е за 10,5 проценти повисоко од претходното затворање на тргувањето.

Така, цената во петокот достигна највисоко ниво од крајот на јули минатата година.

Минатата недела, гасот се тргуваше на TTF по цена од околу 29 евра за мегават-час. Ова значи дека само во текот на оваа недела, неговата цена се зголеми за малку повеќе од 26 проценти, што претставува најсилен раст од есента 2023 година.

Поради студеното време, европските складишта за гас во моментов се полни само околу 50 проценти. Во овој период од годината, повеќегодишниот просек е околу 67 проценти. Метеоролозите најавуваат дека на крајот од месецот може да има уште еден студен бран, што би можело дополнително да го намали нивото на залихи.

Порастот на цените дополнително беше под влијание на тензиите во Иран, кој е важен снабдувач на гас за Турција. Трговците беа вознемирени од можноста за прекини во снабдувањето откако американската администрација објави дека може да воведе казнени тарифи од 25 проценти за трговските партнери на Иран.

Пазарните движења се одраз на зголеменото побарување во Кина, најголемиот купувач на течен природен гас во светот, објаву ДПА.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано