Економија

СРБИЈА ЌЕ ГО БРАНИ „ПРЕХРАНБЕНИОТ“ СУВЕРЕНИТЕТ, со новата национална Стратегија за земјоделство

Општата цел на Стратегијата за земјоделство и рурален развој на Србија за периодот од 2025 до 2034 година е суверенитет на храната, обезбедување на безбедноста на храната на населението и зголемување на конкурентноста на земјоделско-прехранбениот сектор.

Татјана Бранков, координаторка за развој на  стратегијата, во претставувањето на нацртот на  документот на седницата на Комисијата на српскиот парламент за земјоделство, шумарство и водостопанство, изјави дека една од целите е да се поттикне одржливиот развој на руралните средини.

„За да се постигне оваа општа цел, дефинирани се шест специфични цели, зголемување на производството на земјоделски и прехранбени производи, а воедно да се обезбеди стабилност на приходите на земјоделците. Целта е и зголемување на производите со поголема додадена вредност, подобрување на квалитетот и безбедноста на храната, подигнување на ветеринарните и фитосанитарните стандарди, зајакнување на позицијата на земјоделските фарми и подобрување на животот во руралните средини“, рече Бранков.

Според неа, покриеноста на увозот со извоз на храна во Србија се намалува, индексот на конкурентност на најважните групи производи, , брзо се намалува, а постои и асиметрија помеѓу цените на производителот и продажните цени за речиси сите производи.

Клучната анализа на индексот на продуктивност, како што наведе таа, покажа дека Србија имала просечен годишен пад на факторската продуктивност од 1,1 процент, што е драстично отстапување од просечниот пад од 0,1 процент во Европа, пренесува Бизнис.рс.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано