Финансии / Банкарство
Среброто и златото со највисоки цени по објавување на податоците за инфлацијата во САД
13.01.2026
Цените на среброто и златото денес се искачија на рекорднo ниво откако најновите податоци за инфлацијата во САД ги ублажија стравувањата од монетарно затегнување и ја зголемија побарувачката за средства кои се безбедни засолништа.
Според податоците на берзата, цената на среброто за прв пат во историјата е над 87 долари за унца, додека златото исто така достигна нов максимум близу 4.620 долари за унца.
Инвеститорите реагираа на комбинација од поповолна инфлаторна средина и зголемена геополитичка неизвесност, што дополнително ја зајакна улогата на среброто и златото како заштита од пазарни ризици, објавува „Трејдинг економикс“.
Инфлацијата во САД остана стабилна во декември, при што вкупниот индекс на потрошувачки цени се задржа на 2,7 проценти, додека основната инфлација остана на 2,6 проценти, на најниско ниво од 2021 година.
Посебно внимание на пазарот привлече послабиот месечен раст на основната инфлација, кој беше под очекувањата и го намали стравот од повторно забрзување на растот на цените.
Таквиот сигнал за слабеење на инфлациските притисоци ги зголеми очекувањата дека американската централна банка нема да ја затегне монетарната политика во наредниот период, што дополнително го зајакна интересот на инвеститорите за среброто и другите скапоцени метали, пренесува Сеебиз.
Фото Економија и бизнис