Бизнис
БРОЈОТ НА СТЕЧАИ ВО ГЕРМАНИЈА Е ПОГОЛЕМ ОД ВРЕМЕТО НА ФИНАНСИСКА КРИЗА ВО 2009 ГОДИНА
12.01.2026
Бранот на банкроти во Германија расте, а бројот на компании што банкротирале е највисок во последните 20 години, објавија од Институтот за економски истражувања „Лајбниц“ во Хале (IWH).
Во последната година, вкупно 17.604 германски компании пропаднале во Германија, што ги надминува бројките забележани за време на големата финансиска криза од 2009 година. Најпогодените компании се од секторите за транспорт, угостителство и градежништво.
Бројот на стандардни постапки за банкрот во Германија бил за 15,2 проценти поголем во декември отколку во истиот месец од претходната година, што е забрзување во споредба со растот од 5,7 проценти во ноември, објави Федералниот завод за статистика на земјата (Дестатис).
Истражувачите истакнуваат дека причините за бранот се долготрајните ефекти од пандемијата и високите каматни стапки, што го отежнуваат работењето на компаниите, пренесува Еуроњуз.
Фото Економија и бизнис