Lifestyle
„Само да се погледа - 5 евра по лице“, е огласот на продавница во Барселона која се брани од „селфи“ туристите
12.01.2026
Поради масовниот туризам во Барселона, сопствениците на традиционалната продавница за деликатеси се одлучиле на необичен потег за да ги „одвратат“ бројните туристи кои се посветени на правење на „селфи“ фотографии. Но, ставањето на огласот на влезот на продавницата, кој гласи: „Само да се погледа - 5 евра по лице“, се покажало како и добар деловен потег.
Специјализираната продавница во Барселона е основана во далечната 1898 година, која ги снабдува граѓаните со премиум сирења, сувомеснати производи и други деликатеси повеќе од еден век. Нејзиниот автентичен ентериер и историскиот излог станаа магнет за туристи кои се желни за фотографии и селфиња, честопати без намера да купат нешто. Редовите љубопитни посетители почнаа да ја попречуваат секојдневната работа, како и пазарењето на редовните клиенти.
Решението што го смислија сопствениците привлече големо внимание од јавноста. На влезот во продавницата се појави знакот:
„Само да се погледне - 5 евра по лице“. Правилото е едноставно - влезот не се наплаќа за оние што доаѓаат да пазарат, туку само за „посетителите“ кои само сакаат да се фотографираат.
Менаџерот на продавницата објасни дека намерата никогаш не била всушност да се наплаќа влезница. Огласот првично бил поставен како шега, но се покажал дека имал неочекувано позитивен ефект. Туристите, соочени со изборот да платат влезница или да купат производ, често одлучуваат да пазаруваат.
На овој начин, притисокот од туристите бил намален, продажбата се зголемила, а работењето на продавницата се вратило во нормални текови. Според сопственикот, влезот во продавницата сè уште не му е наплатен на никого. Самата порака била доволна за да се промени однесувањето на посетителите, пренесува Курир.
Фото Економија и бизнис