Lifestyle

ВОЗАЧИ КОИ ЛАКИРАЛЕ НОКТИ, ТЕЛЕФОНИРАЛЕ, ВОЗЕЛЕ ПРЕБРЗО... РЕГИСТРИРАЛЕ „НАПРЕДНИТЕ“ БЕЗБЕДНОСНИ КАМЕРИ ВО АВСТРАЛИЈА

Австралија тестира напредни камери со вештачка интелигенција. По само четири недели работа, новите супер камери успеаја да снимат дури 31.800 возачи, кои користеле мобилни телефони додека возеле, возеле пребрзо или не носеле сигурносен појас. Шест мобилни камери на приколки и три фиксни камери беа тестирани во Австралија во текот на вкупно осум месеци, објавува 9 News.

Само во првиот месец, на возачите кои биле фатени од камерите им биле изречени казни од над 13 милиони долари. Доколку системот за вештачка интелигенција утврди дека има прекршок, две лица ќе ги прегледаат сликите и ќе донесат одлука - изјави министерот за патен сообраќај Рис Витби, 

Од 31.800 фатени возачи, повеќе од 12.000 биле фатени како користат мобилни телефони. Околу 10.000 возачи биле фатени затоа што не носеле сигурносен појас. Меѓу оние што биле снимени имало бизарни прекршоци, како што се лакирање нокти или јадење житарки додека возеле, пренесува Пословни дневник.


 

 Фото Економија и бизнис

 

 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано