Општество

Бесплатен автобуски превоз до ски центрите на планината Баба

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски ги посети ски терените на ски центарот Ниже Поле со кој управува ЈП „Стрежево“.

Како лани, така и оваа година, Општина Битола и меѓуопштинското Јавно претпријатие „Пелалинк“ за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани обезбедија бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина.

- По вчерашниот и денешниот ден, бесплатниот превоз продолжува од 12-ти до 16-ти јануари и е до ски центрите на „Стрежево“ кај Нижеполе и „Копанки“ кај хотелот „Молика“, со можност за уживање во убавините на планината. Линијата број 1 за Нижеполе тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, а линијата број 2 овозможува превоз до хотелот „Молика“ и тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар. Враќањето на двете линии е во 13:00 часот, информираат од Општина Битола.


 

Извор/фото МИА 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано