Бизнис
КАКО ДО ПОЛЕСНО ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД – ШВАЈЦАРСКО ИСКУСТВО ПРЕТОЧЕНО ВО МЕТОДОЛОГИЈА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА
08.01.2026г
Потребата за усогласување на понудата и побарувачката на пазарот на труд, несомнено наметнува подолгорочно разбирање на потребите од идни вештини кај работодавците за адекватно планирање на раст и развој на компаниите. Оттука меѓусебната комуникација и размена на податоци од доменот на тековни идни потреби за вештини помеѓу сите чинители (Државен завод за статистика, Народна банка, Агенција за вработување, Комора и работодавци) се наметнува како есенцијален фактор за подобро планирање на идните потреби на пазарот на труд со вештини. Комората како мост помеѓу компаниите и како главни креатори на потребата од вештини и државните институции како генератор на податоци кои служат за понатамошно прогнозирање на потребите од вештини, водени од швајцарските искуства ја изработија Методологијата надградба на вештини на вработените ориентирана кон работното место. Станува збор за методологија која опфаќа скенирање на работните задачи кои се обавуваат на една работна позиција и нивно преточување во вештини и клучни компетенции за подобро разбирање на потребите на работното место, но и дефинирање на нови вештини кои ќе бидат побарувани во иднина за истото работно место.
Оваа методологијата има за цел да поттикне култура на учење и развој преку систематски пристап кој ги поврзува индивидуалните и организациските капацитети за градење релевантни вештини кои одговараат на современите трендови, технички и технолошки аспекти кои влијаат врз трансформацијата на едно работно место. Дополнително моделот го олеснува идентификувањето на тековните и идни потреби од вештини на работните места што претставува јасен индикатор за креаторите на политики поврзани со намалувањето на јазот на пазарот на труд. Истата е базирана на „GO Model“ развиен од страна на Швајцарската федерација за образование на возрасните (СВЕБ), методологија која повеќе од 20 години успешно се применува во Швајцарија, но и останати земји во Европа и Африка.

Во нашата компанија цврсто веруваме дека успехот започнува со луѓето. Затоа обуката и развојот на вработените се едни од нашите најважни приоритети, континуирано вложуваме во нивно унапредување, преку различни едукативни програми, стручни обуки, тренинзи и можности за личен и професионален развој. Методологијата за надградба на вештини ориентирана кон работното место, развиена во рамки на проектот Образование за вработување во Северна Македонија, претставува практичен пристап кој директно го засилува развојот на кадарот во компанијата. Со поддршка од Стопанската комора, Хелветас и експертите од Швајцарската федерација за образование на возрасните, добивме алатка која овозможува систематско унапредување на компетенциите и создава основа за поголема конкурентност и одржлив раст. За мене, ова е доказ дека вложувањето во методологија и структуриран пристап носи реални резултати за организацискиот развој.
Во насока на приближување на истата до крајните корисници – компаниите, беше реализирана работилница на која учествуваа претставници од менаџментот на компаниите, но и менаџери на човечки ресурси, а за подобро разбирање на процесите и фазите на истата, во соработка со две компании кои се вклучени во реализацијата на дуалното образование беше реализирано и пилотирање на истите кај работодавците, за одблиску да се запознаат со начинот на имплементација преку работа на студии на случај на конкретни работни позиции во самите компании.

Како компанија која повеќе од шест децении претставува значаен индустриски фактор во регионот, веруваме дека конкурентноста и одржливиот развој се возможни само преку континуирано инвестирање во луѓето. Затоа ги следиме современите трендови со управувањето со човечките ресурси и активно се вклучуваме во креирање и имплементација на методологии кои ги поврзуваат организациските потреби со практични, применливи и мерливи вештини. Со особено задоволство учествуваме во пилотирање на методологијата ориентирана кон развој на основни и работни вештини директно на работно место, реализирана со поддршка на експерти од Швајцарската федерација на за образование на возрасните, Стопанската комора и Хелветас. Оваа методологија овозможува системски пристап кон управување со основните компетенции како и нивно интегрирање во секојдневното работно опкружување. Оваа методологија има за цел да поттикне култура на учење и развој преку системски пристап кој ги поврзува индивидуалните и организациски капацитети за градење на релевантни вештини кои одговараат на современите трендови, дополнително оваа Методологија претставува корисна алатка за идентификување на јазовите од вештини во организацијата и овозможува креирање на конкретна специфична програма за развој на конкретни вештини во зависност од идентификуваните потреби. Преку реални ситуации на работно место, многу појасно ги детектираме областите во кои е потребна поддршка, креираме обуки кои носат видлив и мерлив напредок. Како компанија која активно ги следи процесите на дигитализација, зелена трансформација, примена на нови технологии, ние активно го следиме овој процес и сме свесни дека новото време, потребите на технологиите налагаат креирање на флексибилни работни места и нови профили, што уште еднаш ја потенцира неопходноста од ставањето на развој на вештини и компетенции на вработените како еден од врвните приоритети на компанијата. Во иднина отворени сме за нови партнерства и соработки со цел да придонесеме за развој на вработените, да го поддржиме развојот на стручното образование, како и да создадеме можности за идните генерации.
Своите искуства од пилотирањето на Методологијата ги споделија и претставници од секторите за развој на човечки ресурси од компании кои се водечки членки на Комората.
Повеќе информации за самата Методологија на следниот линк