Финансии / Банкарство
На крајот на декември 2025 година девизни резерви изнесуваат 4.925,3 милиони евра
08.01.2026
На крајот на декември 2025 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 4.925,3 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 63,1 милион евра, објави Народната банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,2 проценти), по што следуваат монетарното злато (16,5 проценти) и валутите и депозитите (9,3 проценти).
Како што изјави неодамна гувернерот Трајко Славески, девизните резерви се повисоки за околу 50 проценти во однос на 2019 година и се на комотно ниво коешто гарантира стабилност на девизниот курс и обезбедува простор за интервенции, доколку се укаже потреба.
Фото Економија и бизнис