Финансии / Банкарство

ЕКСКЛУЗИВНО за ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС | Хрисула Кутуди: Очекувања за 2026 година

Што очекувате од 2026г.

Стопанска банка ќе остане сигурен партнер на своите клиенти

Домашната економија во изминативе 1,5 год. се движи со забрзано темпо, а во 2026 год. се очекува умерен економски раст од околу 3 %, додека инфлацијата постепено да се враќа на поумерени нивоа. Приватната потрошувачка ќе продолжи значително да придонесува кон вкупниот раст заедно со капиталните инвестиции поттикнати од забрзаната реализација на големи инфраструктурни проекти од јавен интерес. Иако ризиците од глобалната неизвесност остануваат, спроведувањето на одбранбениот план на ЕУ и масовниот стимулативен пакет на Германија се очекува по 2026 год. да донесат цикличен подем, со позитивни ефекти врз ЕУ поврзаните економии. Стопанска банка, како еден од клучните столбови во банкарскиот сектор, ќе продолжи да ја поддржува домашната економија, ефикасно одговарајќи на макроекономското опкружување и значајно придонесувајќи во финансирањето на сите клучни сектори преку иновативни, ефикасни производи и услуги кои ќе имаат и додадена вредност. Остануваме посветени во поддршка на проекти што создаваат нови работни места и ја зголемуваат одржливоста на приватниот сектор, истовремено намалувајќи ги ризиците преку финансиски совети и препораки. Додека интензивно работиме на нашата амбициозна програма за трансформација, главен момент за 2026 год. ќе биде преселбата во новата управна зграда, продолжувајќи да овозможуваме долгорочна вредност преку значајни инвестиции во инфраструктурата и во нашите луѓе. Стопанска банка ќе остане сигурен партнер на своите клиенти, симбол на доверба и на стабилност, како и одговорна институција која постојано придонесува за развојот на заедницата и создава вредност за сите.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано