Бизнис

ВОЗОВИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА СЕ ПОВЕЌЕ ДОЦНАТ!

Нередовноста и доцнењето на возовите на германската железница дополнително се влоши минатата година,  при што 60,1 процент од возовите на долги релации пристигнувале на време.

Во 2024 година стапката на точност на возовите на „Дојче Бан“ беше 62,5 проценти и 74,4 проценти во 2015 година. Германскиот железнички оператор смета дека возот доцни ако доцни шест минути или повеќе од планираниот возен ред, пишува SEEbiz.

Главните причини за доцнењата се бројните градилишта на дотраената железничка мрежа и преоптоварените раскрсници на долги релации, каде што возовите постојано се враќаат назад.

Портпаролот на железницата рече дека јасно е дека патниците мора да очекуваат значителни доцнења и во 2026 година.

Евелин Пала, која го презеде раководството на „Дојче Бан“ минатата година, вети дека најмалку 60 проценти од возовите на долги релации ќе пристигнат на време.

„Исто така, имавме значителен пад на точноста во 2025 година, особено во транспортот на долги релации и регионалниот транспорт“, рече Пала. Нејзината задача е да се стабилизира овој тренд на опаѓање на точноста на возовите. Целта на владата е да се подогне точност на пристигнување на возовите од најмалку 70 проценти до крајот на 2029 година.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО