Финансии / Банкарство
Кои акции имаа најголем раст, а кои најголемо намалување на Македонската берза минатата недела?
05.01.2026г
Зголемување на вредноста минатата недела на Македонската берза во периодот од 29.12.2025 – 02.01.2026 година имале акциите на ФЗЦ 11 Октомври Куманово од 6,68 %, Гранит Скопје 1,94 % и на Комерцијална банка Скопје од 1,82 %.
Намалување пак на вредноста изминатата недела бележиме кај акциите на Макпетрол Скопје, ТТК Банка АД Скопје и Стопанска банка Скопје. Цената на нивните акции се намали за 2,97 %, 2,93 % и 1,13 %, соодветно.

Во однос на прометот. вкупно на официјалниот пазар (на редовниот немаше остварен промет) беше реализиран вкупен промет од 34,3 милиони денари или околу 558,7 илјади евра. Најголем промет од 14,2 милиони денари или 231,9 илјади евра беше реализиран преку акциите на Комерцијална банка Скопје (41,5 % од вкупниот промет). Втори најтргувани акции беа акциите на Алкалоид Скопје со 10,9 милиони денари или околу 177,5 илјади евра (31,7 % од вкупниот промет). Трети најтргувани беа акциите на НЛБ Банка АД Скопје со 4,1 милиони денари или околу 67,7 илјади евра (12,1 % од вкупниот промет).
Прометот во оваа скратена недела за тргување поради новата година беше остварен со 152 трансакции со кои се истргуваа вкупно 3 242 акции и 1 496 обврзници.