Финансии / Банкарство

Акции со најголем раст и пад на Македонската берза минатата недела

Неделен извештај за периодот 29.12.2025 до 02.01.2026г.

Минатата недела, во периодот од 29.12.2025 – 02.01.2026 година на Македонската берза на хартии од вредност вкупно на официјалниот пазар (на редовниот немаше остварен промет) беше реализиран вкупен промет од 34,3 милиони денари или околу 558,7 илјади евра. Најголем промет од 14,2 милиони денари или 231,9 илјади евра беше реализиран преку акциите на Комерцијална банка Скопје (41,5 % од вкупниот промет). Втори најтргувани акции беа акциите на Алкалоид Скопје со 10,9 милиони денари или околу 177,5 илјади евра (31,7 % од вкупниот промет). Трети најтргувани беа акциите на НЛБ Банка АД Скопје со 4,1 милиони денари или околу 67,7 илјади евра (12,1 % од вкупниот промет).
Прометот во оваа скратена недела за тргување поради новата година беше остварен со 152 трансакции со кои се истргуваа вкупно 3 242 акции и 1 496 обврзници.
Во однос на цената, зголемување на вредноста минатата недела имале акциите на ФЗЦ 11 Октомври Куманово од 6,68 %, Гранит Скопје 1,94 % и на Комерцијална банка Скопје од 1,82 %.
Намалување пак на вредноста изминатата недела бележиме кај акциите на Макпетрол Скопје, ТТК Банка АД Скопје и Стопанска банка Скопје. Цената на нивните акции се намали за 2,97 %, 2,93 % и 1,13 %, соодветно.

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано