Бизнис
ОД 1.000 ДО 6.818 ЕВРА ЗА КВАДРАТ СТАН ВО БЕЛГРАД, каква е разликата во цени меѓу новоградба и стари станови
04.01.2026
Највисока просечна цена на станови во стари згради во Србија во третиот квартал од минатата година, според податоците на Републичкиот геодетски завод (РГЗ), била во Белград и изнесувала 2.691 евра за квадратен метар.
Од големите градови, следува Нови Сад со 2.278 евра, во Ниш просечната цена по квадратен метар била 1.569 евра, додека просечната цена во Крагуевац била 1.339 евра за квадратен метар.
Редоследот на просечната цена на станови во новоградба е слична. Така, просечната цена во Белград била 2.598 евра за квадратен метар, во Нови Сад 2.250, во Ниш 1.697 и во Крагуевац 1.566 евра.
Во Белград, просечната цена на станови во стари згради се движела од 2.328 евра за квадратен метар, што било во катастарската општина Стара Раковица, до 3.777 евра во општина Савски венец.
Во оваа општина, максималната цена на квадратен метар во главниот град е забележана на 6.818 евра, додека најниската цена е регистрирана во Чукарица и во Земун, каде што квадратен метар може да се најде за 1.000 евра.
Општина Савски Венец, исто така, го држеше рекордот кога станува збор за новоградба, па така најскапата просечна цена по квадратен метар во оваа општина беше 4.575 евра, а максималната - 6.240 евра.
Најниската просечна цена во Белград е забележана во Стара Раковица со 2.661 евра, а најниската во Чукарица - 1.000 евра по квадратен метар, пренесува Блиц.
Фото Економија и бизнис