Бизнис
ЕКСКЛУЗИВНО за ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС | Горан Марковиќ: Очекувања за 2026 година
Што очекувате од 2026г.
Економија и бизнис | печатено издание | 15 декември 2025г.
Активно ќе се вклучиме во намалување на дигиталниот јаз за сите да имаат еднаков пристап до современи дигитални алатки и можности
Во 2026 година, остануваме фокусирани на целосна дигитализација и подготвени да ги донесеме најновите глобални трендови за нашите корисници. Продолжуваме со инвестиции да ја јакнеме инфраструктурата, што е основа на дигиталното општество и ја зајакнува економската конкурентност на земјава. Затоа ќе инвестираме нови 40 милиони евра во најсовремена и во најсигурна мобилна и фиксна мрежа до 2028 година. Ќе продолжиме да ја користиме предноста што сме дел од групацијата Дојче Телеком, број еден телекомуникациски бренд, и ќе ги донесеме најновите услуги, алатки и трендови во областите на сајбер безбедноста, на ВИ, на дигиталните алатки и на решенијата на македонскиот пазар, за нашите корисници. Ќе работиме со вештачка интелигенција и за интерните процеси и за корисниците и ќе ги демократизираме овие алатки, да бидат достапни за сите. И последно, но многу важно, активно ќе се вклучиме во намалување на дигиталниот јаз за сите да имаат еднаков пристап до современи дигитални алатки и можности. Во 2026 година, и во годините што доаѓаат, активно ќе учествуваме во градењето современо, конкурентно и еднакво дигитално општество.