Бизнис

ЕКСКЛУЗИВНО за ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС | Волфганг Маиер: Очекувања за 2026 година

Што очекувате од 2026г.

Очекуваме 2026 година да биде година на раст и на нови можности

Енергетиката останува во центарот на глобалните и на економските случувања. Тоа уште повеќе ја нагласува потребата од сигурни енергетски системи и долгорочни инвестиции. Во таква динамична средина, ЕВН Македонија ја има одговорноста, но и привилегијата да биде носител на стабилноста, на иновациите и на енергетската трансформација во земјава. За нашата компанија, 2026 година е од големо значење бидејќи одбележуваме 20 години на македонскиот пазар. Овој јубилеј не е само бројка, туку доказ за континуитет, партнерство со корисниците и со државава. Во изминативе две децении заокружуваме еден процес на голема енергетска трансформација кон поефикасен и одржлив систем за електрична енергија. Вложивме околу 800 мил. евра инвестиции кои го зајакнуваат енергетскиот сектор и го поттикнуваат економскиот развој во земјава. И покрај глобалните економски предизвици, очекуваме 2026 година да биде година на раст и на нови можности. Ќе продолжиме со инвестициски циклус со фокус на обновливи извори на енергија, паметни мрежи, дигитализација и инфраструктура која ќе им служи на корисниците и на економијата уште многу години. Како една од водечките енергетски компании во земјава остануваме посветени да создадеме вредност за корисниците, за економијата и за заедницата. Продолжуваме да инвестираме, да иновираме и да ја градиме македонската енергетска иднина.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано