Бизнис

Германците забрануваат греење со јаглен и дрва

Германија воведува драстични мерки и нови ригорозни правила за системите за греење на јаглен кои заминуваат во историјата. Греењето на дрва ќе биде ограничено и строго контролирано.

Сопствениците на куќи и станови кои не ги почитуваат правилата можат да очекуваат високи казни, а одредени печки ќе можат да се користат само во одредени денови од месецот.

Од 2026 година, инсталацијата на нови системи за греење на јаглен и кокс ќе биде забранета во Германија, додека постојните ќе мора постепено да се укинат најдоцна до 2045 година.

Печките на дрва остануваат дозволени, но под строги услови. Тие мора да ги исполнуваат високите еколошки стандарди, а согорувањето на одредени материјали ќе биде целосно забрането.

Ова важи за пластика, гума, обоено, лакирано или хемиски третирано дрво, како и за весник, отпадна хартија и дрвени влакна.

Германските законодавци истакнуваат дека заштитата на општото добро е клучната причина за ваквите мерки.

Од 2026 година, во Германија е забрането инсталирање на нови системи за греење на јаглен и кокс, а постојните мора да бидат укинати до 2045 година.

Секој што користи дрво за греење мора да користи чисто, необработено дрво, почитувајќи ги строгите ограничувања за емисија на штетни честички, пренесува Политика.


 

Фото Економија и бизнис 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано