Бизнис
Во Србија распишан тендер за изградба на нафтовод од границата со Унгарија до Нови Сад
02.01.2026
Транснафта а.д. Панчево објави тендер за изградба на нафтовод од границата со Унгарија до Нови Сад, објавија денеска српски медиуми.
Јавните набавки се однесуваат на градежни работи и стручен надзор на работата.
Во тендерската документација се потсетува дека изградбата на главниот нафтовод меѓу Унгарија и Србија е од национален интерес со цел да се обезбеди диверзификација на увозните правци и побезбедно снабдување на домашниот пазар, со оглед на тоа што сега единствениот правец од кој Србија увезува нафта е преку Хрватска и нафтоводот Јанаф.
Новиот нафтовод ќе и овозможи на Србија да добива нафта од Унгарија, низ чија територија поминува нафтоводот Дружба, а кој снабдува поголем дел од Европа со сурова нафта.
Проектот се спроведува за транспорт на нафта од типот REB („Russian Export Blend“).
Фото Економија и бизнис