Општество

ЕКСКЛУЗИВНО за ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС | Михалис Рохас: Очекувања за 2026 година

Што очекувате од 2026г.

ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија

Во изминатава година, напредокот на Северна Македонија во Реформската агенда за ЕУ беше ограничен, а домашната политика најмногу беше фокусирана на локалните избори. Сепак, ЕУ продолжи да испорачува резултати за граѓаните и за бизнисите во земјата. Интеграцијата во СЕПА и новите инвестиции од ЕУ ги прават секојдневните трансакции полесни, притоа давајќи значајна поддршка на економијата. Ова ќе продолжи и во 2026 година со воведувањето на европскиот принцип „Роам како дома“ кој ќе ги намали трошоците за комуникација низ Европа − доколку се донесат потребните законски измени. Реформите треба да бидат приоритет во 2026 година. Процесот на проширување напредува во регионот и убеден сум дека Северна Македонија ќе биде дел од тоа доколку Владата покаже политичка волја, продолжи да ги подобрува односите со Бугарија и ги усвои уставните измени за отворање на пристапните преговори. Лидерството на ЕУ е подготвено да ги олесни овие процеси. Во внатрешноста, се очекува стабилен и кредибилен напредок во реформите на судството, борбата против корупцијата, реформа на јавната администрација и ажурирање на изборното законодавство како дел од Реформската агенда. Зајакнувањето на институциите засновано на заслуги, на интегритет и на транспарентност ќе ја постави земјата во посилна позиција да ги преземе обврските од идното членство во ЕУ. ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија, но реформите мора да бидат преземени и водени дома. Планот за раст нуди уникатна шанса за забрзување на приближувањето кон ЕУ. Нема сомнеж дека Северна Македонија го има потенцијалот, ги има експертизата и партнерите − за 2026 година да стане година на пробив кон нашата заедничка цел − интеграција на земјата во ЕУ. Да го оствариме тоа заедно.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано