Бизнис

Индустриското производство до ноември поголемо за 1,9 отсто

Индустриското производство во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на истиот период лани бележи раст од 1,9 отсто, соопшти Државниот завод за статситика. 

Во ноември годинава, пак, во однос на ноември 2024 година има намалување од 2,8 %.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември  2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи опаѓање од 4,7 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2,0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 8,6 %. 

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 8,5 %, Капитални производи за 2,1 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 18,6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,7 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,7 %.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано