Бизнис
На Германија и недостасуваат најмалку 120.000 возачи на камиони
29.12.2025
На Германија ѝ недостасуваат најмалку 120.000 возачи на камиони, а многу транспортни компании сè повеќе ги откажуваат испораките затоа што немаат доволно возачи, изјави за медиумите Дирк Енгелхарт, портпарол на Федералното здружение за патен транспорт.
Според него, секоја година се пензионираат помеѓу 30 и 35.000 возачи на камиони, а само 15 до 20.000 нови се појавуваат како замена, објавува Шпигел.
Многу превозници повеќе не учествуваат на тендери затоа што приходите од очекуваниот транспорт на стоки не би ги покриле трошоците, бидејќи се зголемиле над просекот поради недостатокот на возачи.
Овој феномен веќе има видливи последици, па празните полици што често се гледаат во продавниците не се само резултат на неможноста на синџирот супермаркети и добавувачите да се договорат за цена, туку и на недостатокот на возачи на камиони што ја транспортираат стоката.
Во Германија, 80 проценти од стоката се транспортира со камиони. Здружението на патни превозници не очекува оваа криза да биде ублажена со таканаречени автономни возила кои се движат со помош на сензори, камери и вештачка интелигенција, без возач зад воланот, пренесува Б92.
Фото Економија и бизнис