Бизнис

Триглав Осигурување ја менува локацијата на своето седиште во Скопје

Триглав Осигурување АД, Скопје со задоволство објавува дека од денес, 29 декември, 2025 година продолжува со работа во нови, современи простории, на бул. 3-та Македонска Бригада бр. 36, комплекс Порта Супериум.

Овој чекор произлегува од долгорочната стратегија на компанијата за стабилно и одржливо работење,унапредување на деловните процеси и обезбедување на современи, достапни и ефикасни услуги, прилагодени на потребите на клиентите и пазарните услови.

Новиот деловен објект овозможува  современи услови за работа, функционална организација на просторот и соодветна достапност за клиентите и деловните партнери, сè со цел да обезбедиме уште подобро корисничко искуство. Притоа, ги задржуваме високите стандарди на професионалност, сигурност и доверба, по кои што сме препознатливи, изјави Ѓорѓе Војновиќ, Главен извршен директор на Триглав Осигурување.

Тековното работење на компанијата продолжува континуирано, при што сите услуги, контакти и канали за комуникација остануваат непроменети.

Со изборот на новото седиште, Триглав Осигурување демонстрира јасна визија за иднината – визија, која што се темели на стабилност, функционалност и ориентираност кон клиентите.

Новата локација на Триглав е на следниот линк: https://maps.app.goo.gl/qyCs3tDGWeo1WKuM6 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано