Финансии / Банкарство
Кои беа најтргувани акции во период од 22.12.2025 до 26.12.2025г. на Македонската берза?
29.12.2025г
Неделен извештај за периодот 22.12.2025 – 26.12.2025г
Минатата недела, во периодот од 22.12.2025 – 26.12.2025 година на Македонската берза на хартии од вредност на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен вкупен промет од 82,2 милиони денари или околу 1,33 милиони евра.
Најтргувани беа акциите на Комерцијална банка Скопје. Со нивното тргување беше остварен промет од 25,6 милиони денари или околу 416.9 илјади евра (31.1 % од вкупниот промет). Втори најтргувани акции измината недела беа акциите на Алкалоид Скопје со вкупен промет од 23,2 милиони денари или околу 378,3 илјади евра (28,2 % од вкупниот промет). Потоа следуваа акциите на Реплек Скопје со 10,7 милиони денари или околу 174,9 илјади евра (13 % од вкупниот промет). Во топ 5 акции според прометот изминатата недела беа уште и акции на НЛБ Банка АД Скопје со 5 милиони денари или околу 81,8 илјади евра и акциите на Македонски Телеком Скопје со промет од 4,8 милиони денари или околу 78,5 илјади евра.
Истовремено беа реализирани и 3 блок трансакција. Едната во износ од 61 милион денари со акциите на Комерцијална банка Скопје, преку која се истргуваа 2 182 акции. Втората во износ од 77,4 милиони денари преку која се истргуваа 7 000 акции на Комерцијална банка Скопје. И во трета блок трансакција се истргуваа вкупно 19 439 акции на АЛТА банка АД Битола за 73,4 милиони денари.
Прометот на официјалниот пазар и на редовниот пазар беше остварен со 356 трансакции со кои се истргуваа вкупно 24 652 акции и 11 035 обврзници.
Најголем раст на цената имаа акциите на АЛТА банка АД Битола, Гранит Скопје и Комерцијална банка Скопје од 2,08 %, 0,64 % и 0,25% соодветно.
Најголемо намалување пак на цената минатата недела имаа акциите на Стопанска банка Скопје, Макстил Скопје и НЛБ Банка АД Скопје. Нивните акции се намалија за 4,36 %, 3,76 % и 0,88 % соодветно.