Бизнис

Кина воведува царини до 43 проценти за млечни производи од ЕУ

Кина воведува прелиминарни царини до 43 проценти за одредени млечни производи од Европската Унија, откако во антидампинг истрагата заклучи дека производите биле субвенционирани, објави денес кинеското Министерство за трговија.

Мерките се однесуваат на некои свежи и преработени сирења, како и на павлака, а царинските давачки моментално се наплаќаат во форма на депозит.

Кина започна истрага за увозот на млечни производи од Европската Унија во 2024 година, а во август ја продолжи постапката за дополнителни шест месеци поради, како што е наведено, сложеноста на случајот.

Европската Унија ја оспори истрагата на Кина за млечните производи и поднесе барање за консултации во рамките на Светската трговска организација.

Оваа одлука е продолжение на поширокиот трговски спор меѓу Кина и Европската Унија.

Властите во Пекинг минатата недела воведоа антидампинг давачки во висина од пет до 20 проценти за увоз на свинско месо од ЕУ. Во октомври минатата година, Европската Унија гласаше за воведување царини до 45 проценти за електрични возила од Кина и започна истраги за државните субвенции на Пекинг во неколку сектори, пренесува Политика.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано