Lifestyle

И Битола со „Зимска приказна“ на 31 декември ќе настапи позната музичка група

Градот Битола блесна во нова предновогодишна светлина како увертира на традиционалната „Зимска приказна“ што ја раскажува секој битолчанец и гостин, истакна битолскиот градоначалник Тони Коњановски.

Според градоначалникот Коњановски, програмата „Зимска приказна“ е наменета за сите возрасни генерации и ќе се одржува на повеќе локации.

- Главната сцена ќе биде на платото пред Офицерски дом во Битола и притоа нудиме над 200 часа програма на различни локации во нашиот град, од нив 35 часа програма за деца. „Зимска приказна“ е најголем фестивал во Македонија неколку години, тоа е декемврискиот ритам на Битола. Програмата почнува да се реализира од утре, а ќе биде заокружена на 31 декември со детска програма, театарски претстави и вечерен концерт со групата „Нокаут“ и други музички ѕвезди, изјави градоначалникот Коњановски.

Програмата „Зимска приказна“ ќе продолжи на првиот ден од Новата година со манифестацијата „Први на први на Пелистер“ која ја организираат битолските планинари.

-Продолжувањео на овој концепт е резултат на добрата соработка со општествено одговорните компании кои и оваа година се наши верни поддржувачи. Поддршката од приватниот сектор, реално се случува. Со оваа заедничка организација и по завршување на програмата „Зимска приказна“, јавно и целосно ќе ја објавиме целата финансиска конструкција на манифестацијата, нагласи Коњановски.

На денешната прес - конференција во Битола, Коњановски повика граѓаните во наредниот период да се возат со празничен автобус, а децата во детскиот воз „Мечо“.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано