Општество
Промоција на монографијата „Македонски народен театар 1945 – 2025 драма: приказни поголеми од времето“
18.12.2025
Во фоајето на Македонскиот народен театар (МНТ) денеска ќе биде промовирана монографијата „Македонски народен театар 1945 – 2025 драма: приказни поголеми од времето“.
Монографијата излегува од печат во годината кога Македонскиот народен театар слави осумдесет години постоење.
- Тоа е издание кое ги слави овие изминати години поминати во креативна работа, развој и успеси. Низ фотографии, плакати и скици и приказните на дел од личностите кои биле и се дел од МНТ се раскажува историјата на театарот и сите оние чинители кои го направија МНТ она што значи денес, наведува МНТ.
Извор/фото МИА