Финансии / Банкарство
За која акција преку една блок трансакција се платија 950 илјади евра?
15.12.2025г
Неделен извештај за најтргуваните акции на Македонската берза?
период 08.12.2025 до 12.12.2025г
Минатата недела, во периодот од 08.12.2025 – 12.12.2025г година на Македонската берза на хартии од вредност на официјалниот пазар (акции и обрврзници) беше остварен вкупен промет од 46,9 милиони денари или околу 763,1 илјади евра. Овој промет беше реализиран преку 237 трансакции преку кои се истргуваа вкупно 9 963 акции и 21 479 обврзници.

Најтргувани според прометот беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје. Со нивното тргување беше остварен промет од 16,5 милиони денари или околу 269,1 илјади евра (35,2 % од вкупниот промет). Втори најтргувани акции измината недела беа акциите на Макпетрол Скопје со 10,3 милиони денари (168,3 илјади евра) со учество 22 %. Потоа следуваа акциите на Алкалоид Скопје со вкупен промет од 7,4 милиони денари или околу 124,5 илјади евра (15,9 % од вкупниот промет). Акциите на Стопанска банка Скопје се четврти, според остварениот промет од 3,9 милиони денари или 55,1 илјади евра. Петта е Реплек Скопје со 2,5 милиони денари или 40,7 илјади евра.
Во анализираниот период се реализира една блок трансакција во износ од 950 илјади евра со акциите на Комерцијална банка преку кои се истргуваа вкупно 2 050 акции, како и една блок трансакција со акциите на Макпетрол во која се истргуваа 50 акции во вредност од 93,5 илјади евра. Исто така, во две блок транакции се истргуваа 790 акции од Институт за заварување Југ Скопје по цена од 9 225 денари по акција.