Бизнис
Околу 80 000 компании активни во земјава, бизнисот се повеќе работи електронски
12.12.2025г
Околу 80 000 компании се активни во земјава, а за 40 отсто е зголемен бројот на оние што електронски поднесуваат сметки, информира денеска директорката на Централниот регистар Анита Стамнова.
Како што истакна Стамнова, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Царинската управа, се помала е тенденцијата на бизнисот за работење со документи во хартиена форма.
-Имаме зголемување на бројот на отворени, наспроти затворени компании. Евидентен е интересот кај бизнисот за дигитализирано, електронско работење, потенцира директорката.
На прес-конференцијата беше соопштено дека Царинската управа и Централниот регистар се поврзуваат електронски што ќе значи големо олеснување за граѓаните кои не ќе мораат да шетаат од шалтер на шалтер, туку потребните документи ќе ги добиваат електронски.